24 Јануари, 2025
0.0313

Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 177

Објавено во: Свет 29 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во авионската несреќа на патничкиот авион „Боинг 737-800“ на јужнокорејската компанија „Џеџу ер“ на линијата од Бангкок до Муан, во кој се превезуваа 181 лице, загинаа 177 лица, двајца патници се водат како исчезнати, а двајца членови на екипажот преживеаја.

 Според јужнокорејското Министерство за копно, инфраструктура и транспорт, пронајдена е и црната кутија на авионот, објави Ројтерс. Извршниот директор на Jeju Air, најпопуларната нискобуџетна авиокомпанија во Јужна Кореја, Ким Е-бае и целото раководство јавно им се извинија на жртвите во несреќата.

„Без оглед на причината за несреќата, јас ја преземам целосната одговорност како извршен директор“, рече Ким. Производителот на авионот, Боинг, испрати сочувство и рече дека е во контакт со јужнокорејската авиокомпанија по смртоносната несреќа.

Сите домашни и меѓународни летови од меѓународниот аеродром Муан, каде што се случи несреќата, се откажани, објави новинската агенција Јонхап. Патнички авион со 181 патник и членови на екипажот излета од пистата во 9:07 часот по локално време и се урна во ограда на меѓународниот аеродром Муан во округот Муан, провинцијата Јужна Џеола, околу 288 километри југозападно од Сеул, објавија јужнокорејските вести.

Освен двете спасени лица кои се пренесени во болница, се претпоставува дека сите исчезнати во моментов се мртви, соопштија противпожарните власти, додавајќи дека сега трагаат по други тела.

Во авионот кој се враќал од Бангкок имало вкупно 181 лице, вклучувајќи и шест членови на екипажот. Сите патници биле Корејци, освен двајца Тајланѓани. На снимката што ја емитуваа локалните ТВ станици се гледа како авионот се лизга по земја и удира во бетонски ѕид пред да експлодира и да се запали.

 Авионот бил речиси целосно уништен од експлозијата. Властите веруваат дека дефект на опремата за слетување, најверојатно предизвикан од удар на птица, можеби ја предизвикал несреќата, а истрагата за инцидентот е започната на лице место, објави претходно новинската агенција Јонхап.

 Точната причина за несреќата се уште е под истрага, а официјални лица од пожарникарите велат дека моментално се верува дека авионот, кој летал во неповолни временски услови, се судрил со јато птици, оштетувајќи ја опремата за слетување, јавува Би-Би-Си.

 За време на брифингот со новинарите, официјален извор рече дека автоматскиот снимач на глас на авионот сè уште не е пронајден. Откажани се сите домашни и меѓународни летови од меѓународниот аеродром Муан, каде што се случи несреќата.


Можеби ќе ве интересира

ЛУДИЛО НА EBAY, СЕ ПРОДАВААТ КОРИСТЕНИ ТЕЛЕФОНИ СО TIKTOK ЗА ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ: А, Трамп бара купувач, на листата и најпознатиот Јутјубер

ЛУДИЛО НА EBAY, СЕ ПРОДАВААТ КОРИСТЕНИ ТЕЛЕФОНИ СО TIKTOK ЗА ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ: А, Трамп бара купувач, на листата и најпознатиот Јутјубер

ПУТИН Е ПОДГОТВЕН, СЕ ЧЕКААТ СИГНАЛИ ОД ТРАМП: Ќе падне ли средба меѓу двајцата лидери?

ПУТИН Е ПОДГОТВЕН, СЕ ЧЕКААТ СИГНАЛИ ОД ТРАМП: Ќе падне ли средба меѓу двајцата лидери?

ДОГОВОР ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОТПИША ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА НАЈЛУКСУЗНИТЕ ВОЗИЛА: Сега ќе произведува и нуклеарни реактори за подморници

ДОГОВОР ОД 11 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОТПИША ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА НАЈЛУКСУЗНИТЕ ВОЗИЛА: Сега ќе произведува и нуклеарни реактори за подморници

СТРАШНА БУРА ДОАЃА ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Се очекуваат застрашувачки налети на ветер, метеоролозите загрижени

СТРАШНА БУРА ДОАЃА ВО ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Се очекуваат застрашувачки налети на ветер, метеоролозите загрижени

РУТЕ: Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки

РУТЕ: Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки

ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ ПРИТИСОК ВРЗ РУСИЈА: Ќе му треба помош од Саудиска Арабија и ОПЕК

ТРАМП ЌЕ НАПРАВИ ПРИТИСОК ВРЗ РУСИЈА: Ќе му треба помош од Саудиска Арабија и ОПЕК

ИНДЕКС НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Место во Европа e број еден

ИНДЕКС НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Место во Европа e број еден

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ: Кои народи се најнезадоволни?

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ: Кои народи се најнезадоволни?

(ВИДЕО) МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС: Сега ќе пее за Израел на Евровизија

(ВИДЕО) МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС: Сега ќе пее за Израел на Евровизија