05 Јануари, 2025
0.0247

„Алкалоид“, очекувано прв, потврди дека ќе подели дивидедна! Колкава ќе биде?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Речиси две децении „Алкалоид“ континуирано дели дивиденда на своите акционери. И годинава продолжува оваа добра корпоративна практика по која е препознатлива нашата најголема фармацевтска индустрија. Во финансискиот план за 2025 година „Алкалоид“ објави дека предлог – одлуката за поделба на дивиденда ќе биде пред акционерите во првата седмица на април. Фармацевтскиот гигант, веројатно во мај, со дивиденда ќе израдува над 5.000 акционери – домашни физички лица. Дури 97% од целатат дивиденда што ќе ја подели „Алкалоид“ останува во Македонија

Македонскиот фармацевтски гигант ги израдува своите акционери и потврди дека во првата седмица на април ќе одржи акционерско собрание на кое ќе се потврди одлука за исплата на дивиденда.

Ова е очекувана вест затоа што „Алкалоид“ е компанија со беспрекорна дивидендна историја која има континуитет од две децении.

Износот на дивиденда ќе биде објавен најдоцна во првата седмица на март годинава во предлог одлуката која Собранието на акционери ќе ја гласа во првата седмица на април годинава.

Вообичаено, од досегашното искуство со таа акција, износот на дивиденда, во бруто износ, од добивката за 2024 година може да биде повисок до 10 отсто од износот што беше поделен за успешното работење во 2023 година.

За потсетување, кон средината на мај 2024 година, „Алкалоид“ на своите акционери исплати дивиденда во бруто износ од 540 денари по акција. Односно по одбитокот на данок на заддршка кај правни лица и персоналец кај домашни физички лица дивидендата беше 486 денари за акција.

„Алкалоид“ лани во мај исплати бруто дивиденда во вкупен износ од 12,57 милиони евра на своите над 5.000 акционери домашни физички лица. Поголем износ на дивиденда на овие акционери ќе биде исплатен годинава за добивката на компанијата во 2024 година.

Кон крајот на овој или на почетокот на идниот месец „Алкалоид“ ќе го објави и извештајот за финансиското работење за цела 2024 година, по што ќе се знае и добивката за минатата година.

Акцијата на „Алкалоид“ е една од двете најликвидни и најценети акции на нашата берза. Тоа го потврдува и аргументира фактот што акцијата на „Алкалоид“ учествува со 20 отсто во структурата на целиот берзански индекс МБИ-10. Исто учество како што има „Алкалоид“ во МБИ-10 има само уште и акцијата на „Комерцијална банка“.

Повеќе детали за Финансискиот план на „Алкалоид“ за 2025 година може да прочитате на следниот линк https://seinet.com.mk/document/67246

Н.С.


Можеби ќе ве интересира

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални