16 Декември, 2018
0.3120
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Брза „корпа“ за Заев за ширење на Владата - Кој ќе ги турка реформите?

Објавено во: Колумни 19 Март, 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев многу брзо доби „корпа“ од барем еден потенцијален партнер за неговата влада за која истакна дека сакал да ја прошири и со нови партии од опозицијата со цел да ја реализира ветената програма, како и побрзо и поквалитетно да ги донесе и спроведе неопходните реформи.

Првото одбивање кое следуваше многу брзо дојде од Алијансата за Албанците која моментално е една од најголемите и најпотентните албански опозициски партии, односно е голема закана за ДУИ. Алијансата веќе беше дел од владината коалиција држејќи го секторот здравство, но откако Таравари премина во локалната власт и стана градоначалник на Гостивар министерското место не му беше доверено повторно на нивни кадар.

СДСМ одлучи за министер за здравство да го поддржи Венко Филипче, додека пак на локалните избори во повеќе општини коалицираше директно со ДУИ и ги порази кандидатите на Алијансата во доста важни места како на пример Струга каде Зијадин Села не доби нов градоначалнички мандат.

Токму лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, како и најистакнатиот член Арбен Тарави во издвоени интервјуа за медиумите јасно порачаа дека никогаш повеќе во вакви услови и околности нема да влезат во Владата на Зоран Заев. За Села, тоа е прашање на достоинство, додека пак Таравари тврди дека не му се верува како СДСМ заедно со ДУИ стигна до тоа дереџе да функционира идентитчно како владите на биномот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. 

Кога се во прашање реформите навистина е чудно со кого се ќе коалицира Зоран Заев бидејќи тој потенцијал веќе во голема мера го потроши со ширењето на парламентарното мнозинство со пратеници како Амди Бајрам и други кои долги години беа во коалиција со Никола Груевски и претходниот режим на власт. За какви промени се тие навистина подготвени, освен што се лесно употребливи во гласачката машина во Собранието за поддршка на предлог законските решенија на Владата!?

Останува, опцијата за влез на БЕСА во Владата на Заев, но и таму е нејасно петте пратеници дали имаат лојалност кон едниот и новоизбран партиски лидер Африм Гаши или и натаму има членови кои се лојални на разрешениот Биљал Касами.

ДПА и онака се најде во различни комбинации за пополнување на кворумот во Собрание, како и за давање на гласовна поддршка за одредени законски решенија, па така нивното официјализирање со влезот во Владата покрај со некое бонус директорско есто и нема да биде никакво поголемо изненадување или подобрување на реформскиот процес кој толку силно се ветуваше и промовираше изминатиот период. 

СДСМ и натаму може да „копа“ низ пратеничките групи на ВМРО-ДПНМНЕ и да собере уште некој пратеник за стабилизирање на своето мнозинство, но реалниот реформски потенцијал е загрозен и прашање е на лоши политички потези кои ја успорија реформската политика, како и суштинските подобрувања на клучните општествени сфери меѓу кои правосудството, полицијата, тајните служби, новинарствто и медиумите, здравството и јавната администрација, додека пакз а реформи во извбирниот систем, финансирањето на партиите и борба со корупцијата уште не ни дошло до посериозни чекори и јавна дебата. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Сторија за Кинезот

Сторија за Кинезот

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

Плоштад Слобода

Плоштад Слобода

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува