Бугарија откажала воздушен коридор на руски авион со товар за Сирија
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 15:51
Бугарија одби да даде воздушен коридор на авион на Министерството за вонредни ситуации на Русија со хуманитарен товар за Сирија. Мотивот е дека не е испочитуван законскиот рок од пет дена за поднесување на пријавата која е поднесена на 14 октомври, а летот требало да биде на 16 октомври, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на изјава на портпаролот на бугарското МНР.
Од руското Министерство за вонредни ситуации коментираат дека сепак ова одбивање нема да влијае на хуманитарните испораки за Сирија. Од Заводот прецизираат дека авионот сепак стигнал за Латакија, но по алтернативен пат.
Русија вели дека авионот превезувал 20 тони помош, вклучувајќи месо, риба, конзервирана храна, шеќер, ќебиња и предмети од прва потреба.
Се очекува со авионот да се вратат во Русија над 80 граѓани на Русија, ЗНД и други земји.
Во почетокот на септември Бугарија одби да обезбеди дозвола за прелети во бугарскиот воздушен простор од воено-транспортни авиони, сопственост на Главниот штаб на воздухопловните сили на Руската Федерација, во периодот 1-24 септември. Причините биле загриженост за природата на товарот на авионот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




