Бугарин положи свежо цвеќе пред Амбасадата на Македонија во Софија и се расплака пред камера
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Бугарски државјанин положи свежо цвеќе пред Амбасадата на Македонија во Софија, и се расплака пред камерата на Сител.
Вели дека навистина Бугарија е многу потресена од оваа трагедија.
„Бугарија се сочувствува, тоа се гледа. Запалив цвеќи кои се изгаснаа како што изгаснаа и многу души. Навистина многу голема трагедија. Јас сум многу растроен од тој факт. Бугарија е со вас“, рече бугарскиот државјанин.
Во автобуската несреќа загинаа 45 луѓе.