Бугарката која го измами британскиот социјален систем за 52 милиони фунти ќе може на лето да си ги види децата дома

Објавено во: Свет 30 Март, 2025 08:52
На Галина Николова - член од групата од пет бугарски измамници во Велика Британија, кои проневерија околу 54 милиони фунти социјална помош, може да и биде дозволено да се врати во Бугарија и да се соедини со своите деца ова лето, објави Дејли мејл.
39-годишната Галина Николова беше испратена во затвор заедно со нејзиниот пријател Стојан Стојанов и уште тројца членови на бандата во мај 2024 година за една од најголемите измами за социјална помош во историјата на Велика Британија.
Големата измама вклучуваше 6.000 украдени идентитети за да се поднесат барања за Universal Credit, па дури и користење на имиња на деца кои живеат во Бугарија. Беа користени лажни договори за изнајмување, лажни потврди од сопственици, работодавци и општи лекари. Вкупно групата е осудена на 25 години затвор.
Сите беа уапсени во мај 2021 година. Весникот пишува дека на судското рочиште оваа недела стана јасно дека Николова, која ги исполнува условите за депортација, според шемата за предвремено ослободување, може да биде „избркана“ од Островот до лето.
Изданието објаснува дека забрзаниот процес за нејзино депортирање делумно се должи на должината на притворот додека се чека формална пресуда, но и на владината политика која дозволува странските криминалци да бидат депортирани 18 месеци пред датумот на најраното ослободување.
Британското обвинителство успеа да врати само еден милион фунти од украдените пари, додека останатите се претпоставува дека веќе се кај повеќе лица во Бугарија и тешко дека ќе бидат одземени.
Можеби ќе ве интересира
ПО 91 ЧАС ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР: Жена е спасена од урнатините

ТРАМП НЕ Е ДОБАР ЗА УКРАИНА: Вака мислат мнозинството од Украинците

ТАЖНА СЛИКА ОД МЈАНМАР: Бројот на жртви се зголеми

МАСОВНИ КРЕМИРАЊА, ПРЕЖИВЕАНИТЕ ВО ОЧАЈ - жителите на Мјанмар плачат на улица (ВИДЕО)

ТРАМП СЕ ОГЛАСИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЛЕ ПЕН! Одлуката на судот ја нарече „многу голема работа“ бидејќи „таа е водечки кандидат“

А ШТО ВЕЛИ ЛЕ ПЕН? Ќе ги користи сите правни средства да ја поништи пресудата

СО ПРЕСУДАТА СУМ ЕЛИМИНИРАНА, НО И ГЛАСОВИТЕ НА МИЛИОНИ ФРАНЦУЗИ: се огласи Марин Ле Пен по одлуката на судот
„СО ГОЛИ РАЦЕ ИЗЛЕКУВАА ЛУЃЕ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ“: сведоштва кои го откриваат ужасот од земјотресот во Мјанмар

ЛУЃЕТО ЌЕ РАБОТАТ МНОГУ ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ДЕНЕС: Бил Гејтс најавува дводневната работна недела!
