06 Април, 2025
0.0557

МАСОВНИ КРЕМИРАЊА, ПРЕЖИВЕАНИТЕ ВО ОЧАЈ - жителите на Мјанмар плачат на улица (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 01 Април, 2025 11:55

Добивај вести на Viber

Во Мјанмар избледуваат надежите за пронаоѓање на преживеани по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени. Во тек се масовни кремирање и се мириса на смрт, пренесуваат светските агенции.

Во Мјанмар е на сила седумдневна национална жалост, откако е потврдено дека досега загинале речиси 2.800 луѓе.

Спасувачите итно бараат преживеани во урнатините, бидејќи помина критичниот период од 72 часа по земјотресот, поради што се стравува дека бројот на загинатите би можел да биде многу поголем, соопшти Американскиот геолошки институт.

„Телата на оние кои загинаа во Мандалај мораа масовно да бидат кремирани“, изјави за Би-Би-Си студент кој живее во населбата Махаунгмјај.


20-годишната девојка, која сакаше да остане анонимна и се идентификуваше само како Ј, ја загуби својата тетка во земјотресот што минатиот петок го погоди Мјанмар. „Но, нејзиното тело беше извлечено од урнатините само два дена подоцна, на 30 март“, рече таа.

Оние кои преживеале, сепак, живеат во очај, додаде таа, нагласувајќи дека таа и нејзиното семејство едвај спијат и секој ден се сведоци на нови штети бидејќи тлото продолжува да се тресе.

„Видов многу луѓе, а и јас го правам тоа, како се клечат на улица и гласно плачат“, рече таа.


Децата се особено погодени. „Тие не сакаат да се вратат во своите домови. Речиси сите во градот одлучија да спијат на улица додека сè не се смири.

Помошта бавно пристигнува.

„Спасувачките тимови работат без престан четири дена и мислам дека веќе се малку исцрпени. Им треба одмор. Но обемот на уништувањето и недостатокот на ресурси едноставно им отежнуваат на тимовите за помош успешно да одговорат на ваква катастрофа“, рече таа.

Според новинар на Би-Би-Си, кој е на лице место, градот е во целосен мрак бидејќи нема струја и вода за пиење.


Според него, постои голем проблем во функционирањето на интернетот.

"Доцна почувствувавме силен последователен потрес. Чувствувавме дека не е безбедно да спиеме во хотелот, па отидовме да побараме засолниште во блискиот манастир. Утрото се вративме во хотелот само за да си ги земеме куферите", рекол новинарот на британскиот јавен сервис.

Кога утрото, како што вели, го виделе Мандалеј, сфатиле дека градот е во урнатини.

Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОРАКА ОД ПРОТЕСТ: Светот е уморен од твоите глупости Доналд, оди си!

(ВИДЕО) ПОРАКА ОД ПРОТЕСТ: Светот е уморен од твоите глупости Доналд, оди си!

СЕ ЈАВИ ТРАМП: Издржете, Америка повторно ќе ја направиме голема

СЕ ЈАВИ ТРАМП: Издржете, Америка повторно ќе ја направиме голема

ЗЕЛЕНСКИ: Нашето присуство не е ограничено само на Курск

ЗЕЛЕНСКИ: Нашето присуство не е ограничено само на Курск

МЈАНМАР УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Имало дури 81 земјотрес

МЈАНМАР УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Имало дури 81 земјотрес

(ВИДЕО) УРАГАН ЈА ПОГОДИ РУСИЈА: Повредени луѓе завршија во болница

(ВИДЕО) УРАГАН ЈА ПОГОДИ РУСИЈА: Повредени луѓе завршија во болница

НА ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО МУ ТРЕБА ПОМОШ: Се зголеми бројот на жртви во Мјанмар

НА ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО МУ ТРЕБА ПОМОШ: Се зголеми бројот на жртви во Мјанмар

РУСКИ НАПАД ВО КРИВИ РИХ: Бројот на жртви се зголеми, загинаа и деца

РУСКИ НАПАД ВО КРИВИ РИХ: Бројот на жртви се зголеми, загинаа и деца

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ШПАНИЈА: Загинаа тројца мажи при уривање на објект на фарма

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ШПАНИЈА: Загинаа тројца мажи при уривање на објект на фарма

ЕРМЕНИЈА САКА ВО ЕУ: Го почна процесот на пристапување

ЕРМЕНИЈА САКА ВО ЕУ: Го почна процесот на пристапување