Бугарки празнеле ташни низ скопските трговски центри-завршија во притвор
Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 13:21
СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО против едно лице на возраст од 17 години, Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), бугарски државјанки, поради постоење основано сомнение дека извршиле три кривични дела “кражба“ предвидени и казниви по чл.235 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 135.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. и Р.Д.Г. одредена им е мерка притвор од по осум дена, а малолетничката е протерана со двегодишна забрана за влез во Република Македонија.
Кривичните дела, горепријавените ги извршиле на 23-ти, 24-ти и 25-ти минатиот месец, три бутици во три трговски центри во Скопје. Притоа сите се извршени на идентичен начин, искористувајќи го невниманието на оштетените и гужвата околу нив, малолетничката со протнување на рака во нивните ташни кои ги носеле на рамо ги крадела нивните паричници, додека второпријавената чувала стража, а третопријавената стоела надвор и со истата ги делеле парите.
Од страна на Полициските службеници од Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, подигнат бил видео материјал од безбедносните камери поставени во бутиците. На 25-ти минатиот месец околу 15,00 часот на ул. “Никола Карев“ во непосредна близина на Транспортниот центар – Скопје првопријавената и второпријавената биле забележани од страна на полициски службеници од ОИД МД Центар Бит Пазар и истите биле приведени. Во ПС ОН Центар извршен бил разговор со второпријавената во кој разговор истата го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела и посочи дека третопријавената со автобус веќе се упатила кон граничен премин Деве Баир. Со телеграма биле известени ГП Деве Баир, по што од нивна страна било извршено запирање на наведениот автобус, каде што третопријавената била лишена од слобода и спроведена во ПС-ОН Центар.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




