07 Декември, 2025
0.0871

БУГАРСКАТА АКТЕРКА ГЕРГАНА ДАНДАНОВА ИСКРЕНА: Нашиот живот е тежок, но се бориме и веруваме

Објавено во: Стил 11 Јуни, 2018 12:34

Добивај вести на Viber

Три пати сум играла на македонска сцена. Бевме пречекани многу срдечно и топло. Го разгледав и Народниот театар во Скопје кој е прекрасен, убав, модерен, вели познатата бугарска актерка која вечерва гостува во МНТ со претставата „Железниот светилник“

Го обожава морето, најмногу сака да мечтае. На нејзината работа гледа како на еден бесконечен одмор. Во театарот се заљубила на прв поглед, како што вели, бурно и засекогаш. Првите чекори во театарската уметност ги направила во гимназија, кога се запишала во театарска школа. Следниот успешен чекор било нејзиното конкурирање во „ВИТИЗ“, каде ја примиле во класот на Пламен Марков. На почетокот на втора година дебитирала и на професионална сцена. Актерката Гергана Данданова денес е дел од трупата на театар „Бугарска армија“, а македонската публика ќе се увери во нејзиниот талент вечерва во Македонскиот Народен Театар каде ќе биде изведена претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на бугарскиот писател Димитар Талев, родум од Прилеп.

Целиот текст на Женски магазин, овде!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: