29 Септември, 2024
0.0268

Бугарски европратеник со навреди среде македонското Собрание

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој наедно е и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје, денеска беше исвиркан во македонското Собрание откако повторно се служеше со навреди на национална основа.

На Јорданов кој за време на прославата на годишнина од раѓањето на Гоце Делчев на социјалните мрежи се служеше со квалификации како „титоисти“, „Србомански измет“ и „родени Бугари“ денеска му беше дозволено да зборува во македонскиот Законодавен дом.

-Мора да знаете историја. Таа е вечна дисциплина. Гоце Делчев неколкупати се декларирал како Бугарин. Браќата Миладиновски напишаа зборник на бугарски народни песни кои ги нарекоа македонски само затоа што се од регионот на географска Македонија. Не може тие да станат македонски песни, рече Јорданов.

По ова наиде на довикувања  од пратениците дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија  и дека историјата овде не е тема, на што тој возврати дека „ историјата била европска вредност“.

-Непримерно е овде да зборувате за тоа, ниту пак имате научни докази  како се чувствувале Македонците, му возврати Соња Мираковска од СДСМ. Потоа го потсети дека Комитетот на министрите на Советот на Европа има резолуција  која утврдува дека нашата држава системски не го дискриминира бугарското малцинство. За законот за имињата на граѓанските здруженија му порача дека е усвоен со консензус од сите политички партии, дека тие не се забрануваат туку начинот на кој се именуваат  и дека такви правила има и во Германија. За уставните измени рече дека е формирана работна група која работи на нив и дека станува збор за долг процес во кој самата процедура на измена на Уставот трае четири месеци. 

Реагираше и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека нема втор пример во светот  на ваков систематски начин да се удира по правото на самоопределување на еден народ, по правото да го именува мајчиниот јазик и слично и дека е крајно понижувачко Македонија да треба да ја менува историјата  и да менува како се определува за да влезе во Европската унија. 



Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки