Бугарскиот европратеник Јорданов ги нарече Македонците „одродени Бугари“
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 13:33
Бугарскиот европратеник Александар Јорданов ги навредуваше Македонците.
Вели дека за Македонија нема место во Европската Унија(ЕУ).
„Црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“ се дел од квалификациите што бугарскиот европратеник и поранешен амбасадор во земјава (2001-2005 година), Александар Јорданов, ги користи во својата објава на Фејсбук. Јорданов пишува за „скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската политичка елита и македонските граѓани во Скопје во врска со прославата на годишнината од раѓањето на националниот херој од Бугарија, Гоце Делчев“.
На Деве Баир вчера имаше инцидент, при што тројца бугарски граѓани беа приведени, треба да платат казна од 300 евра и три години имаат забрана за влез во Македонија.
Европратеникот Ангел Џамбаски рече дека кога сакаат и како сакаат ќе влегуваат во Македонија. Тој вчера не дојде во Скопје.
Во Благоевград е демолиран македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




