01 Мај, 2024
0.0263

Бугарскиот историчар Дечев: Создавањето на македонската нација не се разликува од другите

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарскиот професор Д-р Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ вели дека во Бугарија темата „Македонија“ е обвиткана со многу романтика и митологија, но дека е крајно време бугарската страна да ги прекине своите тврдења за македонскиот јазик. Порачува дека се додека не го променат начинот на кој го толкуваат идентитетот – како генетски пренесен, а не како динамичен, преговорите ќе останат во ќорсокак.

Тој вели дека не се согласува со политиките на државниот врв на својата земја кон Македонија и вели дека е крајно време Бугарија да престане со претензиите кон македонскиот јазик. 

„Треба да се сфати дека дијалектот е само дијалект и тој нема име. Официјалниот јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамична и нацијата не се предава по генетичен пат, секакви разговори на мешани комисии меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат излишни и ќе одат во слепа улица“, вели Дечев.

Тој вели дека процесот на создавање на македонската нација не се разликува од другите.

„Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој се и сите стандардизирани јазици во светот. Мора да се сфати дека дијалект е само дијалект – тој нема име. Официјален јазик на една земја не може да биде дијалект. Се додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамичен и не е генетски пренесен, сите преговори во мешовитата комисија ќе бидат непотребни и ќе дојдат до ќорсокак“, смета тој.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија