Бујар Османи бара да се носат заштитни маски заради заштита на семејството
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, алудира граѓаните да носат заштитни маски заради заштита на сопственото семејството преку намалување на шансите за пренесување на корона вирусот.
„Научно истражување штотуку објавено во British Medical Journal констатира дека носењето на маска ја намалува трансмисијата на инфекцијата за 79% во рамки на семејството“, напиша Османи на Фејсбук.