19 Мај, 2024
0.0955

Бујар Османи е разочаран од Арбен Таравари - место сонот за Албанец премиер, вие ширите омраза за КОВИД-19

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Бујар Османи е многу разочаран од гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, зошто денеска зборуваше за лошата состојба со КОВИД-19 во земјава, во услови кога Албанците требало да се обединат за заедничкиот сон, а тоа е во земјава да се избере за премиер етнички Албанец.

„Многу сум разочаран од реакцијата на Таравар во име на неговата партија. На ден кога ги повикавме сите албански партии да се приклучат и да остварат заеднички сон, оваа партија одлучува да промовира омраза и страв, користејќи не помалку од КОВИД-19, најлошата глобална пандемија во минатиот век, со цел за политички напад, исто како да посакаат Албанците да се заразат ако не гласаат за нив. Тешко, срамота, сите Албанци се изненадени од вашиот морален компас“, напиша на фејсбук Бујар Османи.

Но, тој додава, дек граѓаните биле попаметни од тоа. „Луѓето се попаметни од тоа. Тие ќе гласаат за негирање на споделувањето и омразата и ќе гласаат за ДУИ, за заедничката визија и цели. Да не се подметнува омраза и нарушувања, време е да се обединиме за стратешките цели“, пишува вицепремиерот.

Денеска, пак, Таравари во Утрински брифинг на Слободен печат рече дека состојбата со коронавирусот во земјава е загрижувачка, веќе имаме втор бран, а во Владата постои комплетен раздор.

„Ние сме веќе во втор бран. Ако ги анализирате бројките сите држави во регионот заедно имаат помал број на инфицирани отколку кај нас. Исто е и со морталитетот. Состојбата е многу загрижувачка и многу сериозно треба да му се пријде на проблемот и да се остават сите партиски обојувања. Во Владата имаме комплетен раздор, како да не е Влада, министерствата како да се како канцеларии на одредени политички партии. И ова e жалосно. Проблемот е навистина сериозен и треба заеднички конструктивно да најдеме решение“, рече Таравари. 

Околу датумот за избори, Таравари смета дека и при минимални услови за избори, тие треба да се оддржат. Дилемата е дали на 5.07 или 26.07. Но, Владата е комплетно расштиман оркестар, не се знае ништо, смета тој.

„ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ е на терен и дели рекламен материјал (маски). На Македонија и треба политичка влада. што поскоро тоа подобро. Но, ако вака продолжат вака бројките и нема услови за организирање на избори, тогаш со легс специјалис нека седнат правниците и нека го вратат парламентот,“ вели гостиварскиот градоначалник. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража