15 Декември, 2025
0.0412

Булмак 2016: Неточни и невистинити се информациите објавени вчера и денес во неколку медиуми, а поврзани со рудникот Тораница

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 14:59

Добивај вести на Viber

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата Булмак 2016“, најостро ги демантира и отфрла како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница.

- Станува збор за невистинити и неточни информации, а дел од медиумите без никакви докази ја објавуваат и пренесуваат измислената информација за наводен еколошки инцидент.

Прво, веста дека е предизвикан еколошки инцидент е апсолутно невистинита. Најодговорно тврдиме дека не постои никакво истекување, инцидент или било каков еколошки прекршок што би можел да ја загрози животната средина или водите на Крива Река. Производствениот процес се одвива под континуиран надзор на стручните служби и во целосна согласност со А-интегрираната еколошка дозвола и важечката регулатива - нагласуваат од компанијата во демантот испратен до медиумите. 

Потоа додаваат „Второ, со оглед дека објавените содржини се темелат на невистини и предизвикуваат неоснована вознемиреност во јавноста, а истовремено нанесуваат сериозна штета на угледот и деловниот интегритет на компанијата, бараме веднаш да бидат повлечени сите објави со невистинити информации, како и да се објави јавно извинување и исправка на ист начин и на истото место каде што беа пласирани лажните тврдења“.

- Трето, „Булмак 2016“ повторно ја реафирмира својата посветеност на транспарентна соработка со сите медиуми, стоејќи на располагање за секое прашање од јавен интерес. Истовремено, како општествено одговорна компанија која се придржува до највисоки стандарди, нема да дозволиме да бидеме вовлечени во некоректни партиски пресметки и политички манипулации во пресрет на изборите.

Изразуваме жалење бидејќи ниту еден медиум досега не се обрати и не побара информации од нас како засегната страна.

Ги повикуваме медиумите да не објавуваат непроверени информации и да се воздржат од пренесување на наводи кои се измислени, а кои предизвикуваат забуна кај граѓаните и непотребна штета на нашиот колектив, вработени и локалната заедница.

„Булмак 2016“ ќе ги искористи сите законски и правни механизми доколку неточните информации не бидат повлечени и доколку не следи јавно извинување — како од медиумите што ги објавија, така и од политичките субјекти кои тенденциозно се обидуваат да ја злоупотребат темата за дневнополитички цели.

Компанијата останува цврсто посветена на еколошката одговорност, законитоста и почитувањето на јавноста со која дели ист простор и ќе продолжи да ја гради довербата преку факти, а не преку манипулации.

„Булмак 2016“ останува посветена на транспарентност, законитост и одговорно работење во интерес на заедниците каде што функционира - се нагласува на крајот од соопштението на кои потпишана е компанијата „Булмак 2016“. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Буламк2016

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро