Добивај вести на Viber
Потрагата по евтини авионски карти може да потрае, но на крај добро да се исплати. Еден ден картите се евтини, друг ден цената може високо да се искачи, слично како на берзата.
Business Insider ви носи неколку совети за едноставна резервација на евтини летови.
- Во потрага по карта тргнете неколку месеци претходно и често проверувајте ги цените
- Не купувајте карта пет месеци претходно, тоа не значи дека сте добиле најниска цена. Цената може да се симне и за 50% на неколку недели пред посакуваниот датум.
- Авионските карти во вторник и среда се поевтини отколку во петок или сабота. Статистиката вели дека луѓето најчесто патуваат кога ќе им заврши работната недела, односно тргнуваат во петок или сабота и се враќаат во недела. Токму затоа, картите во овие денови од неделата се најскапи, па попаметно е да барате лет во вторник или среда, секако ако околностите ви го дозволуваат тоа.
- Претплатете се на системите за испраќање понуди во меил или СМС пораки. За „Last Call" понудите ќе дознаете токму преку овие сервиси.
- Платете он-лајн, внимавајте на деталите за тежината на багажот, добро прочитајте ги упатствата поврзани со плаќањето на куферите што ги носите со себе. Немојте да наседнете на евтини билети за кои дополнително треба да платите уште два пати повеќе од сумата која сте ја платиле за багаж и аеродромски такси.
- Разгледајте ги алтернативните аеродроми покрај вашата дестинација. Некогаш можеби многу поисплатливо би било ако пристигнете на друг аеродром кој се наоѓа во близина, па на посакуваната дестинација да пристигнете со воз.