26 Април, 2024
0.0415

Бутарис за името: Потребна е една генерација систематска работа за да се постигне еден нов баланс

Објавено во: Балкан 20 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Солунскиот градоначалник,  Јанис Бутарис во интервју за ТВ 100, телевизија на општина Солун изјави дека се чини дека по прв пат, двете земји, сакаа да се реши проблемот, и тоа заслужуваше пофалба. 

Тој додава дека 25 години немало вистинска волја за решение, но сега „се чини дека дојде време кога може да се реши проблемот“.

„Зависи од нас, зависи од нив, дали на крај ќе има добра волја, а и дали потребните отстапки што беа направени и од двете страни се такви што со текот на времето ќе се нормализираат и нема да се чувствуваме ниту ние поразени, ниту тие поразени“– рече Бутарис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на името, Бутарис вели дека и од двете страни зависи кое име ќе надвладее во иднина, дали Северна Македонија или само Македонија.

„Примери постојат во целиот свет. Северна Ирска, Северна Кореја, Северен Виетнам. Системот функционира. Зависи од расположението што го имаме, меѓусебно да не се навредуваме. Од тоа зависи. И не е работа што ќе се реши за 1-2 месеци. Јас сметам дека е потребна една генерација систематска работа за да се постигне еден нов баланс“ – објасни тој. 

На коментарот на новинарот од ТВ 100 дека станува збор за држава, а не за преименување на улица, Бутарис додаде дека дури и на една улица да се смени името, е тешко да се навикне да го користи новото  и спомена примери со солунски улици, кои и покрај тоа што имаат нови имиња, лично тој ги користи старите, оние кои што ги научил како мал.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице