18 Јануари, 2025
0.0340

Царината ќе се поврзe со системот на ЕУ

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Царинската управа на Република Македонија ќе се поврзе со тарифниот систем на Европската унија. Поддршка за ова ќе добие од ЕУ преку два проекта од 2,4 милиони евра чија реализација почна денеска.

Според директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, ова е проект со кој се прави уште еден чекор во процесот на реформите кон ЕУ и ќе функционира пред Република Македонија да влезе во Унијата.

- Овој проект ќе придонесе кон градење на капацитетот на Царинската управа, рече Каргов, посочувајќи дека во насока на приближување кон стандардите на ЕУ се користат повеќе програми, а преку ИПА програмата ќе се подобрува инфраструктурата на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав посочи дека проектот обезбедува поефикасен систем на царина и оти е предност за спречување на недозволена трговија со стоки и корупцијата.

Тој додаде дека ќе продолжи поддршката на Царинската упава во зајакнување на нејзиниот капацитет и оти го поддржува приемот на Македонија во ЕУ.

Проектот претставува бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите - членки на ЕУ. Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. Проектот ќе се спроведува една година.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ