16 Мај, 2024
0.0335

Царовска ја презеде челната позиција во МТСП - Ќе им служиме на граѓаните

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими при што остварија и кратка средба на која што извршија примопредавање на функцијата. На средбата Царовска и Ибрахими разговараа и за актуелните состојби во Министерството.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

На колегиумот со раководителите и државните советници министерката Царовска нагласи дека како министерка за труд и социјална политика основното начело според кое ќе се раководи во извршување на функцијата ќе биде професионалноста, стручноста, мотивацијата и искуството, со единствена цел МТСП да биде сервис на граѓаните.

“Верувам дека заедничка цел ни е да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и затоа потенцирам дека ќе се фокусираме на транспарентна и активна соработка оставајќи ги на страна поделбите базирани на политичка, верска или било каква лична определба. Од 8:30 до 16:30 часот сите ние сме администрација во служба на граѓаните. 

Во иднина, нашата мисија е да го зајакнеме дијалогот и поддршката во областа на социјалната политика во државата, да ја интензивираме борбата против сиромаштијата и социјалните разлики, и да го реформираме и надоградиме системот на социјалната заштита, со цел да биде правичен и одржлив сервис за сите граѓани Се надевам дека ќе бидеме сите на ниво на довербата што ни ја дале граѓаните во исполнувањето на нашите обврски”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред колегиумит и вработените.

Царовска очекува во период што доаѓа атмосфера на интензивна соработка и позитивен натпревар во исполнувањето на работните цели и задачи. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното