18 Декември, 2025
0.0677

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2024 17:44

Добивај вести на Viber

СИРИЗА ги достави во грчкиот Парламент меморандумите со Северна Македонија. 

Во облик на предлог закони, како што и најави вчера, грчката опозициска партија СИРИЗА, во Парламентот ги достави меморандумите со Северна Македонија, донесени по втор пат, откако еднаш веќе беа доставени од актуелната Влада пред нешто помалку од четири години, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос изјави дека ратификацијата е императив од национален интерес и токму затоа ја покренаа конкретната иницијатива, а трите меморандуми како предлог закони на опозицијата се со потполно иста содржина како оние поднесени во септември 2020 година од тогашните министри.

Тоа се меморандуми што се однесуваат на европската перспектива на Северна Македонија, на економската соработка меѓу двете земји и воздушниот надзор.

„Владите на Мицотакис веќе пет години систематски негираат промоција и продлабочување на Договорот од Преспа. Договор кој им служи на националниот интерес, но и на мирот, соработката и стабилноста во особено чувствителниот регион на Балканот. Наместо да го промовира Договорот, господинот Мицотакис се залага за одржување на рамнотежата во внатрешноста на владејачката партија и комуникациско искористување на националните прашања. Но, доцнењето на ратификувањето на трите меморандуми за соработка со Северна Македонија претставува опасно назадување, нанесувајќи им штета на интересите на земјата и тоа во време кога меѓународното опкружување станува неизвесно“, вели Фамелос.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје се трите потпишани меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а сега веќе по втор пат се доставени во грчкиот Парламент. 

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се донесени како предлог закони. 

Грчкиот пратеник  Кирјакос Велопулос го искина Преспанскиот договор од говорницата во Собранието. Тој повика колегите да гласаат против меморандумите. 

Грците се налутија откако македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова на инаугурацијата во Собранието пред неколку дена ја испушти придавката „Северна“. 

На 17 јуни 2018 година, македонската и грчката Влада го потпишаа Договорот од Преспа во Нивици и со тоа се реши спорот за името. 

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив