16 Мај, 2024
0.0290

Царовска се сретна со Тимоние - Ќе има соработка за социјалната заштита

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека на средбата се разговарало за заедничките приоритетите што ги поврзуваат двете држави. Притоа е ставeн акцент на идната соработка во областа на социјалната заштита, се размениле искуства и се изразила подготвеност за взаемна поддршка меѓу институциите на двете земји.

Една од приоритетните теми била еднаквите можности со посебен фокус на обезбедување на заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство.

Притоа министерката Царовска и амбасадорот Тимоние се согласиле дека од исклучителна важност и значење е да се соработува со женските невладини организации кои обезбедуваат ваков тип на услуги.

Исто така, на средбата била изразена надеж дека соработката која што ќе се одвива во периодот што следи ќе биде соработка која што ќе го отвора европскиот пат на Република Македонија чија крајна цел е што поскоро да биде и дел од европското семејство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното