ЦАРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОНКУРИРААТ КОМУНИКАЦИИ, ЦЕМЕНТ И ЛЕКОВИ - како лани се правеа најголемите профити на Берзата

Објавено во: Економија 15 Април, 2025 08:30
Добивките се познати, но убаво е кога ќе се направи едно сеопфатно рангирање на сите 93 котирани друштва, со цел да се види кој како ја завршил ланската година, и кој всушност како стои во македонскиот бизнис.
Резултатите не се изненадувачки, со мали исклучоци ваму и таму, но тие секако дека не се во врвот, каде што, пак, како и вообичаено, царуваат македонските банки.
Да одиме по ред, околу резултатите на котираните компании и банки на македонскиот пазар на капитал.
Според консолидираниот извештај на Комерцијална банка, нејзиниот профит минатата година изнесувал 80,65 милиони евра, што е раст во однос на претходната 2023 година за одлични 37,7 отсто. Овој пораст на чистата добивка е највисок во банкарскиот сектор, а и меѓу позначајните во рамките на сите котирани друштва, со исклучок на неколку компании кои имале невообичаено добри резултати во 2024 година.
Втората позиција според висината на добивката ја држи моќната Стопанска банка Скопје, чија добивка е 57,79 милиони евра, што е раст за 2,4 отсто во однос на една година претходно.
Сличен раст од 2,43 проценти има уште една голема и успешна банка, НЛБ Банка, чија добивка лани заокружила на 53,58 милиони евра.
Четвртото место го добил телекомуникацискиот гигант, Македонски Телеком, со профит од 36,4 милиони евра. Одлична бројка и сосема солиден раст од 7,62 проценти во однос на претходната 2023 година.
Петто место е за скопската цементарница УСЈЕ, со чист профит од 30,78 милиони евра, која како никогаш досега се враќа во кондиција после ценовната криза со енергенсите, така што нејзиниот лански раст во однос на претходната 2023 година е за одлични 25,42 проценти.
Фармацевсткиот гигант „Алкалоид“ продолжува да покажува дека континуираните инвестиции во опрема, знаење и кадар носат резултат, па компанијата лани ја заврши со чиста добивка од 27,38 отсто, што е раст за 6,8 отсто во однос на една година претходно.
Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава Макпетрол, исто така држи лекции по профитабилност, достигнувајќи профит лани од близу 18 милиони евра, и со фасцинантен раст за 40,68 проценти во однос на претходната 2023 година.
„Тивките“ прилепчани, Мермерниот комбинат, секогаш ес во врват на листата профитабилни компании, лани тоа беа близу 15 милиони евра, со раст од 8,37 проценти.
Дека банкарството е вносен бизнис, покажува уште една банка, УНИ банка, чии профит лани бил 7,9 милиони евра, што е раст од близу два проценти во однос на една година претходно.
Скопски пазар лани имаше импресивен раст на добивката, за дури 153 проценти, достигнувајќи близу 7 милиони евра, и впишувајќи се така на листата на 10 најпрофитабилни компании.
Уште неколку компании треба да се споменат, и според профитот, и според улогата што ја имаат во македонската економија.
Макстил имаше профит од 4,5 милиони евра, иако тоа е намалување во однос на една година претходно.
Винаријата Тиквеш профитираше со 4,15 милиони евра, и тоа е зголемување за осум проценти.
Според растот на добивката се истакнал Адинг, со процент на зголемување од близу 45 отсто, и остваруивајќи профит од 3,76 милиони евра.
Реплек ланската година ја заврши со профит од 3,64 милиони евра, потоа 3,54 милиони евра оствари скопската рафинерија ОКТА, и чиста добивка од 3,3 милиони евра оствари компанијата ОИЛКО.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените
СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни
„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат
