15 Декември, 2025
0.0596

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави

Објавено во: Економија 22 Април, 2025 19:06

Добивај вести на Viber

Светската економија значително ќе забави, а американската драстично.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економски раст за 2025 година, велејќи дека зголемувањето на царините и општата несигурност што тоа ја создаде ќе доведат до „значително забавување“.

Најголемо намалување меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави(САД) и сега се очекува раст од 1,8 отсто, во споредба со претходната проценка од 2,7 отсто.

Намалена е и прогнозата за раст за Обединетото Кралство – од претходните 1,6 отсто на 1,1 отсто во 2025 година.

Економистите во ЏП Морган велат дека шансите за рецесија во САД сега се 60 отсто. Федералните резерви, исто така, прогнозираат дека растот ќе ослаби оваа година, на 1,7 отсто, пренесува АП.

Месецов администрацијата на Трамп објави огромни тарифи за скоро 60 земји заедно со речиси универзални давачки од 10 отсто. 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „добро е да се види дека светот знае дека сме сериозни“ за справување со трговскиот дисбаланс со другите земји, нагласувајќи дека светските лидери и бизнис директори бараат ослободување од царините откако тие беа објавени претходно овој месец.

Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека неговата објава од 2 април за „Денот на ослободувањето“ – со која воведе реципрочни царини за земјите што тој ги обвинува за нефер трговски практики – стигна до странските влади и лидери на корпорации.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети