Добивај вести на Viber
Денеска официјално ќе биде отворена новоизградената катна гаража меѓу улицата Свети Кирил и Методиј и булеварот Македонија, кај поранешниот Цветен пазар. На официјалното отворање ќе присуствуваат вицепремиерот, Зоран Ставрески и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Катната гаража е на две подземни и седум надземни нивоа, а обезбедени се вкупно 445 паркинг места, од кои 17 се наменети за лица со посебни потреби.
На приземјето ќе има деловен простор, а последниот кат е предвиден за угостителство. За потребите на гаражата се предвидени два влеза и два излеза за возила и два влеза за посетителите на објектот.
Фасадата е изработена од префабрикувани алуминиумски елементи поставени на дистанцери и оддалечени 50 сантиметри од карабината.