06 Декември, 2025
0.0376

Цеца, Севе и Чола ќе ги забавуваат гостите на свадбата на Ѓоковиќ

Објавено во: Стил 08 Јули, 2014 12:37

Добивај вести на Viber

Венчавката на прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ, кои ќе се земат на 9 и 10 јули на Свети Стефан, последните денови предизвикува големо внимание. Иако идниот пар се труди што повеќе детали да ги сочува како тајна, тоа баш не им оди за рака.

Како што дознава српски Курир, Ноле сакал музиката да биде на врвно ниво, па гостите ќе ги забавува оркестарот на познатиот хармоникаш Мишо Мијатовиќ. За нешто помодерен звук ќе биде задолжен помалку познат бенд кој тенисерот и порано го ангажирал за слави, а кој често ја следи Цеца Ражнатовиќ на концертите.

Новак неколкупати истакна дека одлично се забавува на народна музика, посебно со хитовите на Тома Здравковиќ, и дека омилена песна му е „Кафана је моја судбина“ па најверојатно таа и ќе се најде на репертоарот. Ѓоковиќ и неговата идна сопруга, тврди извор за српски Курир, најмногу се веселат на песните на фолк зведата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и несудената српска снаа Северина Вучковиќ, па и нивните хитови ќе се изведат овие два дена.

-На Новак најважно му е на свадбата гостите убаво да се забавуваат и поради тоа одлучил музичкиот репертоар да биде составен од најголемите српски звезди. Гостите ќе ги забавува оркестарот на  Мишо Мијатовиќ и бендот кој одлично ги знае музичките желби на Ноле - открива изворот.

-Хитовите како: „Kafana je moja sudbina“, „Pisaću joj pisma duga“, „Pjevam danju, pjevam noću“, „Beograd“, „Lepotan“ се тие со кои сака Ноле да го прослави влегувањето во брачните води - кажува изворот. Свадбата ќе биде традиционална, па ќе се служат домашни специјалитети. На менито ќе биде пршут, сирење, маслинки, чорба, јагнешко, рижото и риба - завршува соговорникот на српски Курир.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: