10 Декември, 2024
0.0270

Цел круг - Алијанса почна со СДСМ и се врати во владиниот скут по пет години

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Алијанса за Албанците направи цел круг и се врати на истото место од каде почна пред речиси повеќе од пет години, на Илинденска во „владиниот“ скут на СДСМ и ДУИ.

АА беше дел од првата Влада предводена од Заев со две министерски места, Сухејл Фазлиу како министер за локална самоуправа, и Арбен Таравари како министер за здравство, кој сега е актуелен градоначалник на општина Гостивар и нов лидер на партијата.

Да потсетиме дека во тогашната структура на АА беа вклучени повеќе политички субјекти кои ја формализираа соработката помеѓу албанската опозиција, а единствено БЕСА од поголемите албански опозициски партии настапи самостојно на изборите, даде поддршка за промени, но не влезе во Владата. Тој став на БЕСА се менуваше низ годините, едно време беа и дел од Владата, но партијата потоа успеа да се стабилизира како главен противник на ДУИ иако од нејзината структура се „откина“ Алтернатива, сега веќе поранешниот владин коалиционер предводен од Африм Гаши.

Судирот меѓу Зијадин Села, поранешниот претседател на АА и Али Ахмети беше пресуден партијата да му го сврти грбот на Зоран Заев, но тоа и донесе релативно добар резултат на локалните избори во 2017 година.

Единствена конзистентност е неконзистентноста на албанската опозиција

Сега по повеќе од пет години АА покажа нестрпливост за доаѓање на власт, без видлив напредок како опозиција на двоецот СДСМ-ДУИ. Најпрво се „истрча“ со претходните партнери Мицкоски, Касами, Апасиев и Гаши, но само еден пратеник од новото најавено парламентарно мнозинство се одметна од групацијата која собра 61 потпис за рушење на власта на СДСМ и ДУИ.

„Влезот на Алијансата за Албанците во Владата, покрај големата државна кауза за забрзување на процесот за членство на земјата во Европската Унија, го симболизира и сојузништвото со „Фронтот за Европа“ што го промовираше лидерот на ДУИ Али Ахмети во последните месеци. Нејзинот влез во Владата е аларм за сите прогресивни сили, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да размислуваат и да ги изгласаат неопходните уставни измени за земјата да продолжи без пречки да чекори на патот кон ЕУ“, вели новинарот Дестан Јонузи.

АА повторно ќе го води ресорот здравство, а ќе добие уште две министерски места, практично истиот број министерства со кои раководеше Алтернатива, пред да добие „шут“ карта. За освоениот плен ќе треба да го гарантира парламентарното мнозинство и да ја доведе власта на премиерот Ковачевски до редовниот термин за одржување на парламентарните избори во 2024 година.

Таравари својот политички имиџ го градеше како човек кој може да постигне договор и дека е отворен за соработка во насока на обезбедување стабилизација на државата или поддршка на реформите, иако и двете „определби“ повеќе делуваат како партиски флоскули отколку реално сработен политички ангжман.

Секако, тој и АА не се главни виновници за недостигот на вистински реформи и позитивни општествени промени, но не се ниту наивни со оглед на тоа што биле дел и од локалната и од централната власт.

Среќни партии, несреќна политика

Тоа доведува и до главните прашања, дали Таравари и АА се вистинските актери за реформи во правосудството, образованието, здравството и други сектори, и дали со овој потег добиваат или губат пред својот електорат и определбата еден ден да го совладаат Ахмети.

„Оваа едногодишна соработка до редовните парламентарни избори, може да се трансформира во заеднички изборен фронт на сите проевропски сили, против оние кои се против уставните измени и европските политики на земјата. Големи се шансите за заеднички изборен фронт. Она што го издвојува сегашното вклучување на АА, од првото учество во Владата Заев 1, е тоа што оваа партија овојпат има поголема политичка тежина, има 8 пратеници, наспроти тогаш кога имаше само три. Oваа реконструкција на Владата ќе ја освежи политичката сцена“, смета Јонузи.

Ахмети и натаму успева да издржи под налетот на „Огнената група“ и да ги неутрализира можните одметнувања на најмалку тројца пратеници, како и да ја дискредитира Алтернатива која остана ни на небо ни на земја. Алтернатива за досегашното „шурување“ со власта ќе треба добро да се оправда на следните избори како и со кого планира да соработува.

Простор за изненадувања секогаш постои, биле тие позитивни или негативни, но на потег е Алијанса на Таравари. 

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Екс-директорот на ЕСМ,Васко Ковачевски, избегал од земјата

Екс-директорот на ЕСМ,Васко Ковачевски, избегал од земјата

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО БУГАРИЈА: Бил на одмор со семејството

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО БУГАРИЈА: Бил на одмор со семејството

СЕ ОГЛАСИ ДУИ ЗА ТОА ШТО АРТАН Е НА ЦРНА ЛИСТА НА САД: „Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот“

СЕ ОГЛАСИ ДУИ ЗА ТОА ШТО АРТАН Е НА ЦРНА ЛИСТА НА САД: „Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот“

УАПСЕН ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЕСМ ВАСКО КОВАЧЕВСКИ: Голема акција на МВР, 29 лица се уапсени

УАПСЕН ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЕСМ ВАСКО КОВАЧЕВСКИ: Голема акција на МВР, 29 лица се уапсени

СЕЛА ГО ПОВИКА ГРУБИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКА: „Апострофираните да се повлечат од јавниот живот и да се соочат со обвиненијата“

СЕЛА ГО ПОВИКА ГРУБИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКА: „Апострофираните да се повлечат од јавниот живот и да се соочат со обвиненијата“

И ЌОСЕТО СО КОМЕНТАР ЗА ГРУБИ: „Затворско кодно име Артан нежни“

И ЌОСЕТО СО КОМЕНТАР ЗА ГРУБИ: „Затворско кодно име Артан нежни“

„НАДВОРЕШНО Е СИМПАТИЧНА, МЕЃУТОА Е РАЗМАЗЕНА И НЕОДГОВОРНА“: Советникот во град Скопје, д-р Пановски ја опиша градоначалничката Данела

„НАДВОРЕШНО Е СИМПАТИЧНА, МЕЃУТОА Е РАЗМАЗЕНА И НЕОДГОВОРНА“: Советникот во град Скопје, д-р Пановски ја опиша градоначалничката Данела

„НЕ ПОСТОЈАТ БРАНИТЕЛИ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК, ТОА СЕ НАПАЃАЧИ КОИ СО НИШТО ПРЕДИЗВИКАА ВОЈНА“: Ангелов вели нема да ме убедите дека биле во право

„НЕ ПОСТОЈАТ БРАНИТЕЛИ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК, ТОА СЕ НАПАЃАЧИ КОИ СО НИШТО ПРЕДИЗВИКАА ВОЈНА“: Ангелов вели нема да ме убедите дека биле во право