Цела ноќ земјотреси ја тресеа Албанија, но и Грција
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2019
Цела ноќ земјотреси ја тресеа соседна Албанија.
Земјотресот имаше на полноќ и според првичните информации бил со јачина од 4.5 степени.
Земјотресот бил на 10 км длабочина во Драч.
Потрес од 2 степени имало утрово на 16 км од Тирана. Овој земјотрес бил на длабочина од 12 км.
Пет земјотреси имало утрово во Грција, и еден во БиХ.
Во БиХ земјотресот од 2.8 степени бил со епицентар на 12 км од Столац,.