Целосно ликвидирана едната фирма на Субрата Рој во Македонија
Објавено во: Економија 20 Декември, 2018
Финализира ликвидацијата на едната фирма на несудениот фамозен инвеститор во Македонија, Субрата Рој, објави Службен весник вчера.
Сахара Глобал Цом Доо е избришана и ликвидаторот е разрешен на 14 декември, додека целиот процес започна уште во ноември 2013-та.
Во меѓувреме контроверзниот индиски бизнисмен, кој сакаше да го гради комплексот Мајка Тереза во Скопје и проектот Сахаријан во Охрид, отвори друго претпријатие преку кое беше предвидено да одат инвестициите.
Второто претпријатие на Рој, кој се соочуваше со замрзнат имот во Индија, е под назив Сахара Глобал Дооел и во моментов е активно како мал субјект и има поднесено годишна сметка за последната пресметковна година.