20 Декември, 2025
0.0832

Целосно се укинуваат здравствените книшки, ќе се воведува електронски здравствен картон

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 20:10

Добивај вести на Viber

Од први јануари нема повеќе да важат здравствените книшки. Сите пациенти ќе мора да се одат на лекар со електронската здравствена картичка со која се заменуваат и сините картони. Од 2015 година пак со работа ќе почнат семејните лекари со што место кај специјалист, голем дел од услугите ќе се даваат во ординација кај избраниот лекар. Овие, но и голем број други измени во здравството денеска беа најавени од Фондот за здравствено осигурување. Повод за презентацијата на Стратегијата на Фондот за 2014-2015 година, е и одбележувањето на 13-годишнината од неговото постоење. Според директорката, Маја Парнарџиева-Змејкова, во измените има шест области кои се однесуваат на матичните лекари, потоа на лековите, на повеќе ортопедски помагала за пациентите, на унапредување на здравствените услуги (за здруженијата на пациенти и осигурениците), Електронски Фонд за здравство и Промоција на здравје. „Во областа која се однесува на матичните лекари првиот проект е наречен „Повеќе здравствени услуги на една врата“. Во 2015 година планираме да ги воведеме семејните лекари во здравствениот систем во Македонија и за матичните лекари, оние кои специјализирале по семејна медицина Фондот ќе обезбеди нов модел на плаќање кој е во согласност со светските искуства“, рече Парнарџиева Змејкова. Со вториот проект за матичните лекари „Стимулација за нови матични лекари“, во 2014 година се планираат новини во исплатат на пари во овие ординации од страна на Фондот, додека со третиот проект се стимулираат лекарите во селата,а расте и бројот на пациенти кои ќе може да се лекуваат кај еден гинеколог. ФЗОМ планира да воведува и електронски дневник, електронски здравствен картон и целосно укинување на здравствените книшки. Во електронските картони прво ќе се внесува на што се алергични пациентите, а како што појасни Парнарџиева Змејкова, досега се издадени 930.000 е-картички, а во обработка се уште 300.000. „Секојдневно се испорачуваат по околу 40.000 картички и до крајот на годинава се очекува да бидат издадени над 80 отсто од нив“, вели директорката на Фондот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии