Целосно уништена плочата на споменикот на децата бегалци
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019
Препознатливиот споменик на децата бегалци во паркот Жена Борец спротив македонското Собрание е вандализиран и целосно уништен од непознати сторители.
Овој споменик служеше за одбележување на јубилеи и настани, а е подигнат уште во 1988. Откриен е на денот 30 јуни кога во Скопје се одржа првата светска средба на децата бегалци.
Плочата ги прикажуваше жртвите од Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949.