18 Мај, 2024
0.0272

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ на македонскиот пазар продала производи за 27,8 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Приходот од македонскиот пазар за првото полугодие годинава се зголемил за 4,2 милиони евра во споредба со истиот период лани Секоја акција на скопската цементарница „Усје“ носи добивка од 1.400 денари за првата половина годинава, покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех што единствената домашна цементарница ги објави на Македонската берза. Добивката за првата половина на годинава е 789,2 милиони денари (12,8 милиони евра) и во споредба со истиот период лани е зголемена за 28 отсто. Последната пазарна цена на акцијата на „Усје“ беше 15.800 денари и беше постигната во единственото тргување на 10 јуни годинава. Теоретски, доколку добивката компанијата ја пренесе во дивиденда, инвеститорот што купил по таа цена може да очекува принос од 8,9 отсто, што е двојно повеќе од најдобрите каматни стапки на орочени денарски депозити што , барем јавно, ги нудат нашите деловни банки. Во првата половина на годинава „Усје“ ја зголемил продажбата на домашниот пазар за 260 милиони денари односно за 15 отсто, постигнал ниво на продажби од домашен пазар од 1,71 милијарди денари. На странските пазари успеал да го одржи идентичното ниво на продажби како и лани и тие изнесуваат 265 милиони денари. Значајно е тоа што оваа компанија нема воопшто кредитна изложеност, што може да се види во билансните на компанијата. Од друга страна има значајно високо ниво на парични средства во износ од 3,16 милијарди денари. Во споредба со истиот период лани тој износ е зголемен за 1,5 милијарди денари. Во недостиг на официјално образложение за деловната политика се што би се навело како опција може да се толкува како шпекулација и заради тоа во оваа прилика ќе се воздржиме од претпоставки. За нивото на кеш со кој располага „Усје“ доволно говори фактот дека во ова полугодие компанијата има прилив од камати во висина од 29,7 милиони денари (речиси 500.000 евра). Вреди да се потенцира и тоа што во овој период во споредба со првата половина на минатата година компанијата ги зголемила побарувањата од купувачите за 33 отсто и тие на крајот на јуни изнесуваат 258,4 милиони денари. Ако овој показател се спореди со книговодствениот раст на приходи од продажба излегува дека „Усје“ не наплатил ништо туку ги кредитирал своите клиенти? Воедно и логично компанијата ги зголемила и обврските кон своите добавувачи за 11 отсто и нивниот износ е 244,7 милиони денари. Најзначајна промена во билансот на состојба секако дека е огромниот раст на ставката „останати краткорочни обврски“ во која компанијата книжи 753,4 милиони денари. Тоа е 19 пати поголем износ во споредба со износот што по тој основ бил книжен во првото полугодие лани. И за оваа промена исто како и за наведеното со паричните средства нема официјално објаснување. Акумулираната добивка на компанијата до крајот на првото полугодие изнесува 3,35 милијарди денари што е безмалку двојно повеќе од основната главнина на „Усје“. Во акционерската структура на „Усје“ најголем акционер со посед врз 95 отсто од акциите со право на глас е холандската компанија „Титан“. Таа е капитално поврзана со грчки „Титан“ – најголемиот производител на цемент на во регионот на Југоисточна Европа. Уште 196 домашни физички лица поседуваат 4,9 отсто од акциите со право на глас.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра