19 Мај, 2024
0.0290

Цената на становите во Скопје во постојан пораст

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Цената на становите во Скопје е во постојан раст во текот на сите три досегашни квартали од оваа година, според податоците за недвижнини кои ги објави Народна банка на РМ.

Последниот квартал, односно во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември, повторно е нотиран раст, иако само од 0,1 отсто.

Ова е минимално зголемување во споредба со забележаните 5,3% во вториот квартал, но сосема доволно за да се заклучи дека цената на становите во Скопје расте во текот на целата 2018 година. 

Истовремено цената раста и покрај зголемувањето од страната на понудата на нови станови.  

Во најновиот Квартален извештај се наведува дека расте и побарувачката за овие недвижности.

„Во однос на побарувачката, и во третиот квартал на 2018 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ се наведува во објавениот документ. Како што појаснуваат од НБРМ, позитивни поместувања се бележат и кај вредноста на издадените одобренија за градење на станбени згради по подолгиот период на намалување на нивната бројка.

Цената на живеалиштата во главниот град е мерена преку хедоничкиот индекс на цените на становите, кој од страна на НБРМ се изготвува врз основа на огласите за продажба на станови во главниот град што се објавени од агенциите за промет на недвижности.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?