16 Јануари, 2025
0.0583

Цената на становите во слободен пад!

Објавено во: Економија 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Цената на становите во земјава се движи со забрзан пад, констатира Народната банка во извештајот за првиот квартал годинава. Во него, како причини за намалувањето на цените се наведуваат завршените градежни работи на многу станбени згради и улогата на странските инвестиори во градежништвото Индексот на цените на становите бележи забрзан пад од 2,1% во првиот квартал годинава и истиот незапирливо паѓа уште од првите три месеци од минатата година. Народната банка констатира дека лани, во периодот октомври – декември, падот на цената на становите на годишна основа изнесувал 3,5%, додека во првиот квартал годинава тој се зголемил на 5,5%. “Продолжувањето на трендот на намалување на цената на становите може да се објасни со тенденцијата на раст на завршените градежни работи, односно на изградените станбени згради во изминатиот неколкугодишен период, делумно стимулирана и од странските инвестиции во изградба на недвижности“, се вели во извештајот на НБМ. Централната банка анализира дека растот на станбените кредити засега е стабилен, иако во првите два месеца од годинава се забележува извесно умерено забавување на растот. Во првиот квартал годинава е забележано и зголемување на вредноста на извршените градежни работи, а и менаџерите се со позитивни очекувања за порачките во следниот период. Ова најмногу се должи на намаленото влијание на некои фактори кои во минатото ги ограничуваа компаниите, како на пример, трошоците за материјали, обезбедувањето банкарски кредити, конкуренцијата, недостигот на обучен  кадар и недостигот на побарувачка. До каде ќе оди намалувањето на цената на недвижнините? Во последната анализа на Агенцијата за недвижности Фортон МКА пишува дека во втората половина од лани бројот на нови станови се зголемил за 19% во споредба со првата половина од 2012 година. Најмногу се градело во Аеродром, Центар и Карпош. Но, и покрај зголемената изградба и намалените цени, сепак во истиот период, 31% од новоизградените станови останале непродадени. Во Македонија цените на становите нагло пораснаа во 2007 година, најмногу поради оптимизмот кој завладеа дека земјава ќе стане членка на НАТО, за последнава година да паднат и сега се со тенденција на дополнително благо опаѓање поради зголемената понуда. Последните статистички податоци покажуваат дека лани, цената на метар квадратен во Скопје изнесувала 954 евра за метар квадратен, што е намалување од 8% во споредба со 2010 година кога метар квадратен во Скопје се продаваше за 1.042 евра. Колку и да се намали цената на станбениот квадрат во изминатиот период и колку и да тврдат инвеститорите дека цените веќе го допреле дното на исплатливост, сепак аналитичарите на пазарот на недвижности тврдат дека има простор за намалување и во наредните години. Според статистичките податоци, во Македонија во просек годишно се градат 5.000 станови а, според информациите од агенциите за недвижности, во последните две години  дури 20% од становите останале непродадени. Тоа се потврдува и со тврдењата на градежниците дека во метрополата се продадени околу 80% од новоизградените станови. С.Н

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја