Центар го одби барањето на Арсовска за враќање на Ќосето
Објавено во: Македонија 02 Април, 2023
Општина Центар експресно го одби барањето на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот посветен на егзекуторот на ВМРО, Андон Лазов - Ќосето.
Арсовска, која претходно најави дека со својот тим ќе го бара споменикот, побара споменикот да се врати на старата локација пред комплексот судови, од каде беше отстранет во 2018 година.
Споменикот на Ќосето беше отстранет во февруари 2018 година додека градоначалник на Град Скопје беше Петре Шилегов.
Последно што се знае за споменикот е дека откако беше тргнат, беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје. На неговото место беше засадено дрво гинко.