18 Мај, 2024
0.0279

Централната банка на Шпанија предупреди за економски ризици поради Каталонија

Објавено во: Свет 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанската централна банка предупреди дека можат да произлезат ризици за економскиот раст поради тензиите во сепаратистичката област Каталонија, која произведува една петтина од богатството на земјата.

Предупредувањето беше издадено три дена пред да биде забранет референдумот во Мадрид за независноста на областа.

Политичките тензии во Каталонија можат во крајна линија да влијаат на довербата на економските фактори и нивните одлуки за трошоците и условите за финансирање, се вели во кварталниот извештај на банката.

Централната банка сепак ги задржала прогнозите за економскиот раст на Шпанија на ниво од 3,1 отсто во 2017 година, 2,8 отсто во 2018 и 2,2 отсто во 2019 година.

Каталонија придонела за 19 проценти од БДП на Шпанија во 2016 година и е на исто ниво со Мадрид како најбогата област во земјата. Силно ги надминува преостанатите шпански региони со извоз на една четвртина од своите производи во странство, на чело со храна и хемиската индустрија.

Каталонија, исто така, е првата туристичка дестинација со над 18 милиони странски посетители во 2016 година.

Многу од централите на големите шпански претпријатија се во Барселона: текстилната група Mango, третата шпанската банка CaixaBank, гасовниот гигант Gas Natural и операторот на патна инфраструктура Abertis, сопственост на француските автопати Sanef.

Во 2016 година шпанската економија порасна за 3,3 отсто, или над двојно во однос на просекот за еврозоната благодарение на динамичниот извоз кој ги интензивирал трошоците на домаќинствата, како и добрата состојба на туризмот.

Шпанија продолжува сепак да се соочува со сериозни тешкотии, како огромниот јавен долг (околу 100 проценти од БДП) и високата невработеност (17,2 отсто во вториот квартал) - второ највисоко ниво во еврозоната.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата