03 Мај, 2024
0.0258

Чаирска романтика: Кој ќе крпи дупки на патиштата за 287.800 евра?

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Општина Чаир за една година ќе потроши 287.000 евра за да ги крпи дупките на сервисните улици кои се под нејзина надлежност. Во договорот за набавка нема детали и описи за тоа колку асфалт ќе се стави на колку локации и за колку улици. Инаку Општина Чаир е една од најмалите скопски општини според територијата која изнесува 3,5 квадратни километри, но е најгусто населена општина во Република Македонија

Скопската фирма „ОСД Кирил“ ДООЕЛ доби договор од општина Чаир за крпење на асфалтни дупки во вкупна вредност од 287.800 евра, објавено е на интернет страницата на Бирото за јавни набавки. Договорот за јавна набавка е склучен во август при што општината го заверила на 13 август, а фирмата за 10 август. Од договорот може да се прочита дека ќе важи една година доколку финансиските средства наменети за крпење на дупките на патиштата не се исцрпат порано од предвидениот период.

Во договорот не пишува колку километри асфалтни патишта има вкупно општината ниту пишува кои улици и во кој обем треба да се покриваат со асфалт. Називот на јавната набавка е „крпење на улични дупки со асфалт“ и во договорот преовладува терминологијата која се однесува на пополнување на дупки со асфалт на постоечки улици кои се во ингеренција на општината. Тука треба да напоменеме дека сите булевари кои ги пресекуваат и поминуваат низ скопските општини не се во нивна надлежност и за нивното одржување се грижи Градот Скопје. Тоа значи дека општините се должни за одржување на сервисните улици. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста испрати прашања до Општина Чаир во кои побаравме одговори за деталите од техничката спецификација односно колку километри патна мрежа одржува општината и колку асфалт е спефицициран за покривање на дупките на патиштата. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Може ли да се спореди?

Општина Чаир е најгусто населена општина во нашата држава. Според последниот попис и официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗР) во оваа општина живеат 16.193 жители на еден квадратен километар. Општината Чаир е една од најмалите општини во Скопје и воопшто во земјава затоа што има територија од 3,5 квадратни километри. Оваа општина за своите сервисни улици, за чија должина немаме податок затоа што го нема во договорот, ќе плати над 287.000 евра на најповолен понудувач. Ако може да се спореди иако е деликатно, затоа што има малку елементи за споредба, ЈП „Македонијапат“ државниот монопол задолжен за одржување на автопатите, магистралните и регионалните патишта склучи годишен договор за набавка на битумен за крпење на дупките по патиштата и за битуменот ќе плати 5,46 милиони евра. „Македонијапат“ сама ќе прави асфалт, а за главната состојка – битуменот плаќа 5,46 милиони евра. „Македонијапат“ одржува патна инфраструктура од 4.400 километри ширум целата Република Македонија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување