Чешки хакер „олесни“ гостиварска фирма - за колкава сума се работи?
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 19:12
Чешки хакер ограбил гостиварска фирма така што ја хакирал електронската пошта.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело компјутерска измама, информираа од полицијата.
Чехот од 5 март 2016 година до 27 април истата година лажно се претставувал како сопственик на фирмата „Памеса Керамика” со седиште во Шпанија, со која фирмата на гостиварецот Е.Ш.(54) имала деловна соработка.
Хакерот претходно ја пресретнал електронската комуникација меѓу фирмите, па на Е.Ш. му испратил мејл од електронска адреса индентична на „Памеса Керамика”.
Измамникот побарал од гостиварецот парите од првата рата од купената стока, во износ од 3.600 евра да ги уплати на сметката на хакерот. Оштетениот на 27 април 2016 година ги уплатил парите, но после одреден временски период од Шпанците добил известување дека не се префрлени парите, по што Е.Ш. сфатил дека е измамен и го пријавил случајот во полицијата.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




