Чешкиот претседател Клаус ќе зема пензија од 6.000 евра
Објавено во: Стил
04 Февруари, 2013 11:51
Добивај вести на Viber
Чешкиот претседател Вацлав Клаус, кому на 7 февруари му завршува мандатот, ќе зема пензија од 6.000 евра. Пензијата се состои од доживотна рента од 2.000 евра месечно, исто толкава сума како надомест за репрезентација и класична пензија од 2.000 евра. Освен оваа сума, на поранешниот претседател на Чешка му следува и обезбедување, што дополнително го разликува од останатите ,,обични" пензионери во земјата.
Клаус кој има 71 година со пензионирањето ќе добие и канцеларија во Институтот кој го носи неговото име, а кој е финансиран од најбогатиот чешки стопанственик Петр Келнер. Тој својата економската кариера ќе ја продолжи и како соработник на угледниот американски Институт „Кејто“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: