Четири и пол години затвор за Кежаровски
Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2013
На четири години и шест месеци затворска казна е осуден новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски, осомничен во предметот „Ликвидација“, поради објавување на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во весникот „Репортер 92“.
Пресудата денеска ја донесе судскиот совет на Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска.
Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години.
Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5 години и 6 месеци затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов ја доби истата казна како и Кежаровски. Пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе биде во затвор една година, Јане Павловски доби 1,6 години затвор, а поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година. Обвинетите, во судскиот процес што траеше два месеца, во своите завршни зборови тврдеа дека се невини и побараа судот да ги ослободи.