19 Мај, 2024
0.0277

Четврта конференција на Македонскиот модел на Обединетите Нации

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

„Вие мора да го преземете лидерството на утрешнината. За тоа да биде возможно  Вие мора да ги зајакнете Вашите капацитети, да ја проширите Вашата визија како глобалниграѓани“

Генералниот Секретар на ОН Бан Ки-Мун

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија ја организираа четвртата Годишна Конференција на Моделот на Обединети Нации во Македонија 2015. Конференцијата имаше регионален карактер, и на истата учествуваа повеќе од 140 млади луѓе од Македонија и 16 од Косово. Младите во улога на делегати ги застапуваа ставовите на 17 земји членки на ОН во 8 различни тела на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реални светски теми, од намалување на сиромаштијата, деца во вооружени конфликти, економска глобализација, развој на младите до одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.

Зоран Илиески извршен директор на Коалиција СЕГА:  „Основната цел на „Конференцијата на Македонскиот модел на ОН“ е да ги едуцира младите за општествено-тековните настани и дипломатијата во Обединетите Нации. На конференцијата се оценуваше познавањето на темата, земјата која се преставува и организацијата на Обединетите Нации, вештините и способностите за дебата и јавното говорење, но и начинот на облекување и односот спрема другите учесници. Секој делегат имаше можност да дебатира на две теми. Имавме навистина извонредни дебати и откривме многу ангажирани млади луѓе, кои знаат да бидат одлични оратори“.

obedineti nacii 1

Кејтлин Кори, директор на Мировниот Корпус во Македонија:  „Мировниот Корпус и Амбасадата на САД ја ценат соработката со СЕГА во поддршка на Моделот на Обединети Нации во Македонија. конференцијата на Македонскиот Модел на Обединети Нации е од особено значење за младите луѓе да ја разберат комплексноста на дипломатијата, и воедно да учат за меѓународните односи“.

Препораки од младите делегати на Македонскиот Модел на Обединети Нации по однос на глобалните прашања:

  • Да се поттикне високо квалитетно бесплатно образование како и да се даде поголема вредност на неформалното образование;
  • Да се осуди дискриминацијата по однос на возраст и да се даде повеќе можност за пракса и волонтерство;
  • Да се промовираат национални кампањи и програми што промовираат полова еднаквост, инклузија, толеранција и прифаќање на маргинализираните групи;
  • Да се обезбедат флексибилни образовни програми за младите кои живеат во кампови за бегалци и земји со екстремно ниво на сиромаштија;
  • Да се поттикне социјален развој на ранливите категории на граѓани преку: а) поддршка на иницијативи за микро финансирање преку бизнис грантови, даночни олеснувања и поедноставување на процедурите; б) воспоставување на национални и меѓународни тренинг програми; в) полугодишни извештаи и јавни средби за мерење на напредокот;
  • Да се подобрат: а) здравствените и образовните инфраструктури; б) комуникациските и транспортните системи; в) инфраструктурите за доставување на електрична енергија и чиста вода за пиење;
  • Да се заложат земјите членки на Обединетите Нации за рационално искористување на природните ресурси и промовирање на зелена економија и заштита на животната средина;
  • Да се создадат услови за рехабилитација на децата кои биле/се дел од вооружени конфликти и да се обезбедат услови за практична примена на детските права;
  • Со посебно внимание да се пристапи кон борбата против тероризам во Африка, и да се обезбеди практична примена на Реформата во Секторот за безбедност.

obedineti nacii 2

Македонскиот Модел на Обединети Нации преставува академска симулација на работата Обединетите Нации преку своите земји членки, во Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНЕСКО, УНИЦЕФ, ФАО, Комитетот за разоружување и Меѓународна безбедност и Секретаријатот на ОН. Вакви Конференции се организираат во најголемиот број на земји членки на ОН, со цел младите луѓе да се запознаат со работата на Обединетите Нации преку практикување на моделот на ОНОрганизирањето на Конференцијата Македонскиот Модел на Обединети Нации 2015 се организираше со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО