Чиј извршител е Зоран Милевски Кичеец?
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2020
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во дуелот на ТВ 24 изјави дека се слушнало во аудио бомбите чиј човек е бизнисменот Зоран Милевски Кичеец.
За бизнисменот Дака Давидовиќ вели дека имал само една средба со него, му рекол дека работата не ја бива, но кажа дека парите се дадени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Заев да каже какви бизниси му ветувал на Давидовиќ.
Заев го повика бизнисменот јавно да каже кому и колку пари дал.
Мицкоски рече дека на 15 јули граѓаните ќе дадат оценка за она што се случуваше овие три години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.