19 Март, 2024
0.0236

ЧИК фејзбук

Објавено во: Колумни 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Од мојата комотна позиција на ФБ.пасивен посматрач (воајер или пазач, ако така сакате) можам да констатирам: нешто се случува со популацијата која преферира комуникација на ваков начин, а не директна, со пријателите и роднините, со кои се гледа од !„Рајка на Петка„, се помалку за арно.

Ај што жестоко се реагира и реплицира на се што е актуелна политика(вие вака,ние така),па тука се постовите со ептем жолта примеса од типот “дали таа и таа имала гаќички или не„,„дали на оној алатот му е навистина толку за машала„,туку се постираат некакви исповеди на непознати автори со ептем еротска,па и порнографска содржина.Од ред станува збор за (божемни) доживувања како од еротските најинтимни соништа-кумот се натопорил и и свршил работа на првата брачна ноќ, мајсторот(водоводџија) ја напрчил кога му го покажувала дефектот во бањата (нормално подразголена), другарка и на девојка ми толку се напали што морав да и одговорам адекватно (жестоко и мачоменски).......и така во недоглед.

Што е тоа што луѓето ги тера да пренесуваат вакви текстови од сомнителни сајтови, главно од бившите Ју простори? Дали тоа е одраз на некаква сексуална фрустрираност или можеби на желбата да се биде оригинален и интересен. Тема за некој социолог или комуниколог, а не за бивш борец на сексуалната револуција –не од првите редови, безмалку симулант и уплашен дезертер-некаде од далечните шеесетти и рани седумдесети.

Скриени под покривачот доцна навечер со батериски лампи читавме некакви шкработини на табак за пишување писма со содржина што не оставаше будни до доцна во ноќта. Претпоставувавме дека автори се војници од некоја авто- единица или пешдиски баталјон,а не беа исклучени ни студентите што како потстанари ги користеа собите од дебармаалските газдарици. И одеднаш од нигде никаде се појави ЧИК забавникот и ЧИК специјал. Преполни со љубовни, ѓоамити, доживувања по автобуси, паркови, во кино-сали, со постари госпоѓи,но и со помлади дечки..... и така до каде што стасуваа раскажувачката способност и фантазијата на пишувачите на текстовите, за кои дури сега се дознава дека биле во функција на сексуално образование на неписмениот повоен млад потенцијал. Бог да чува и да брани-ние тоа што требаше да го знаеме од оваа област имавме од кого да учиме и каде (у маало,од големите,а подоцна од некоја келнерка или постара подзагорена мераклика од комшии). Чик читавме од забава-најчесто кај Јоле и Почу откако Фони ќе донесеше тазе утрешен печат (старчето имаше уши како грамофонски плочи и не се лутеше што така го нарековме) и се киневме од смеење, коментиравме и си правевме филмчиња од содржините.

Поинаку беше со загрепски СТАРТ.Магазин со сериозна содржина, но со дуплерици со разголени и ептем голи старлети- на квалитетни фотографии,а не како оние во ЧИК не знаеш што има на сликата. Не можеше да замислиш берберница, биртија ниту пак студентска соба без овие атрактивни и предизвикувачки средни страници на СТАРТ. И да не заборавам некаде истовремено во руски „Агањок“ на средната страница излезе советска до грло закопчана заоблена русокоса комсомолка легната на ганц нов трактор. Потписот под сликата адекватен-„Ја љубљу мој трактор“......времиња за мерак,нели!

Mojсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?