Добивај вести на Viber
Чилеанскиот претседател, Себастијан Пињера, ќе го затвори „луксузниот“ затвор Кордилјера, во кој се сместени осудените за злосторства направени за време на диатурата на Пиноче.
Осудениците во овој затвор се сместени во кабини со тоалети и со природна светлина, имаат пристап до тениски терени, место за правење скара и базен, што е многу поразлично од другите затворски установи во земјата.
Пињера изјавил дека одлуката за затворање на затворот е донесена имајќи предвид дека сите треба да бидат „еднакви пред законот“, но и поради безбедноста на затворениците кој во иднина казната ќе ја издржуваат во Пунта Пеука, специјален затвор за осуденици кои одговараат за кршење на човековите права.
Затворот Кордилјера е мета на критиките уште откако е изграден, поради привилегиите што затворениците ги имаат во установата.