06 Декември, 2025
0.0401

Чудо: Не може да оди, а вози велосипед

Објавено во: Стил 23 Јули, 2014 19:29

Добивај вести на Viber

Алекс Брук Тарнер (24) веќе три години е во инвалидска количка, откако доживеал несреќа возејќи велосипед. Неподвижен е од половината надолу, но тоа не го спречува и понатаму да се занимава со омилениот спорт но сега наместо со нозе велосипед вози со раце.

Алекс во август 2011 година тргнал со велосипед од Лондон до Хрватска. Во Белгија паднал и ја повредил карлицата. Останал неподвижен од половината надолу. Иако човек би помислил дека за Хрватска можеби го врзуваат само лоши спомени, не е така.

- Сакам да дојдам со велосипед во Хрватска. И пред несреќата го сакав тоа. После три години рехабилитација и тренинг се надевам дека ќе стигнам до Пула или Плитвичките езера. За нив од пријатели имам слушнато дека се прекрасни, вели Алекс.

Желбата за живот е посилна од се

На пат кон Хрватска, Алекс тргнува на 1 август со двајца пријатели, точно од местото каде што застана во Белгија пред три години. Дел ќе вози и преку алпите, каде ќе се искачи на 2000 метри на надморска височина.

 -Не се плашам, но сум возбуден. Емоциите сигурно ќе ме надвалдеат на патот, па би можел и да заплакам, додава Алекс, кој после несреќата заздравел за рекорден рок. Прво што направил, си нарачал специјален велосипед кој се вози со раце и поново почнал да тренира. Денеска на него вози околу 100 километри на ден.

Патот кон Хрватска тој го посветува на нуманитарната акција „Aspire“  која им помага на луѓето во заздравувањето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: