27 Април, 2024
0.0292

Чулев: Не знам колкава е другата количина на кокаин, четворица уапсени се во полициска станица

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, денеска на прес-конференција рече дека не знае колкаво е другото количество кое било наменето за Македонија како крајна дестинација, откако во скопското село Крушипек во полициска акција беше фатен еден килограм кокаин, а истовремено проструи информација дека вкупната маса е 1,3 тони. Тој не може да потврди ниту во која земја е запленета наводната огромна количина.

Четворица поврзани, од кои еден Црногорец, со пратката на банани од Колумбија во моментов се приведени во полициска станица и се чека за нив обвинителството да одреди притвор. Фирмата Банекс во 130 наврати увезувала овошје од Колумбија и Еквадор. Чулев најави проширување на истрагата на други физички и правнио лица поврзани со Банекс. Станува збор за газдата, неговиот син, возачот на камионот и вработен во фирмата кој работел на истовар.

- Не знам за колкаво количество се работи, фатен е само еден килограм. Останатата количина е во друга држава. Со ова нема да биде нарушена истрагата на партнерските држави. Ова е максимум што можам да ви кажам. Истрагата е сензитивна, рече Чулев.

Од 17 до 19 во координација со јавен обвинител во рамки на меѓунардона полициска акција со повеќе земји во скопското село Крушопек беа откриени само дел од целокупната маса на кокаинот. Таа требало да заврши во Македонија како крајна дестинација, потврди денеска министерот.

- По претходно известување во соработка со обвинителството,  превземен е широк спектар на активности за спречување на каналот од Колумбија. На граничниот премин Ќафасан од Струга на влез со возило марка Ивеко влекач и приколка затекнат е Ј.К, државјанин на Црна Гора, кој понатаму е следен. Се упатил во Крушопен и тогаш полицијата со судска наредба извршила претрес при што кај магацинот се затекнати Ј.Е. (22) син на сопстевникот и Р.И. (51) вработено лице на истовар на робата. потоа шошол и 47-годипниот сопственик С.Е. При деталниот претрес на бананите, кокаинот бил најден во пакување и е пратен на вештачење, одземени се 3.000 евра, 700 долари, и моторното возило, како и 98 пакети банани, мобилни телефони, наведе Чулев.

Чулев им се заблагодари на колегите од полицијата, царината и обвинителството како и меѓународните партнери.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“