18 Мај, 2024
0.0301

Чулев: Шилегов е одговорен за претепувањето на двајца инспектори, а не јас

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, денеска реагираше на вчерашните обвинувања со погрдни зборови од страна на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со коментар дека тоа зборува за неговата личност. Чулев вели дека не тој, туку Шилегов е одговорен за тоа што двајца инспектори на Град Скопје се претепани и дека сака да се задскрие зад него како функционер од опозицијата.

Шилегов жестоко го обвини Чулев дека затаил во обезбедувањето на полициската асистенција за градскиот инспекторат, па двајца комунални редари биле претепани на поранешната депонија Вардариште од диви собирачи на отпад, од кои едниот завршил на „Интензивно“.

„Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Оваа изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја затскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар.

За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за затскривање на неговата неспособност и некомпетентост. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така“, напиша денеска Чулев.

Министерот вели дека случајот со претепувањето на двајцата редари кои беа претепани е веќе расчистен. Исто така, и Шилегов вчера спомена дека напаѓачите се идентификувани.

„Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост. Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера“, допиша Чулев на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?