Ципрас: Ние и Србите можеме да „газиме“ во НБА
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2018
Доколку српските и грчките кошаркари комбинираат еден тим може да „газат“ во американската НБА-лига, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ.
- Ако еден ден направиме мешовита екипа од најдобрите, можеме да бидеме најдобри во НБА-лигата, бидејќи ние и Србите имеме извонредна кошаркарска традиција - шеговито рече Ципрас.
Тој и Вучиќ во Белград вчера и денеска имаа заеднички меѓусебни средби заедно со премиерите на Бугарија и Грција.
Догоговорено е да се направи мешовит комитет од 16 експерти, односно по четири од секоја земја, преку кој Грција, Србија, Романија и Бугарија ќе поднесат заедничка кандидатура за ко-организација на европско или светско фудбалско првенство.