Добивај вести на Viber
Cкопје може да добие „женско такси“ доколку се реализира идејата што се јавила меѓу вработените во такси-компанијата „Ин“ каде што, во моментов има седум жени возачи на такси, пишува Дневник.
Овие жени велат дека би било добро да бидат барем десет таксистки и во рамките на компанијата да формираат посебна група од возачи-жени. Сметаат дека идејата е атрактивна и ако успеат да направат, како што велат лејди-такси, би биле единствени во Македонија.
- Оваа иницијатива сега е во разгледување, а кога ќе се реализира, се уште не можеме да кажеме. Имаме седум жени, единствени таксистки во Македонија, но треба да се собереме 10 за тоа да профункционира - велат таксистките Валентина Донева (47) и Афродита Стевановска (39).
Таксирањето кај нас се смета за машка работа, а тие како припаднички на понежниот пол велат дека успешно ја работат работата и се рамо до рамо со колегите.
Фото/Дневник