Добивај вести на Viber
Со новите измени на Законот за социјална заштита, ќе се врати финансиската поддршка за мобилност за лицата со инвалидитет сместени во специјалните установи, најави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, откако ги слушна барањата и потребите на овие лица. За полесно да ги остваруваат своите потреби, на овие лица ќе им бидат вратени седумте илјади денари поддршка.
Спасов го повика приватниот сектор да инвестира и да ја помогне изградбата на нови детски градинки и старски домови, и тоа за само едно евро за метар квадратен и со 95% поефтини комуналии. Тој ги повика граѓаните да се вклучат во проектот и најави поддршка од надлежните ресори.