15 Декември, 2025
0.0914

Црногорците живеат на море, а увезуваат риба

Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Црна Гора двои речиси 10 милиони евра за увоз и  преработка на риба, иако е приморска држава во чија сопственост се и две третини од најголемото езеро на Балканот. Богата со природни ресурси за развој на оваа гранка, Црна Гора нема ниту една фабрика за преработка на риба, а нема ниту рибарско пристаниште. „Црна Гора нема стратегија за развој на рибарството, а за тоа рибарите не се виновни. Моментално во Црна Гора не постои ниту еден погон за преработка на риба. Државата во наредниот период треба да обезбеди место за рибарските бродови“ - вели за „Новости“ директорот на Здружението на професионални рибари „Јужен Јадран“ од Бар, Бошко Ивановиќ, нагласувајќи дека луѓето кои се подготвени да вложат во рибарството, треба да се стимулираат. Некогашниот претседател на општина Бар и министер за економија, денес министер за туризам, Бранимир Гвозденовиќ, во повеќе наврати ветуваше отворање на погон за преработка на риба во Слободната зона Лука Бар, но проектот остана само на ветувањата. Распадот на некогашна Југославија дрстично влијаеше на рибарството во Црна Гора. „Потребни се поволни кредити со грејс период од минимум две години, со прифатливи камати, донации од европски фондови за развој, учество на државата како би се обезбедиле нови чамци и опрема. Во Црна Гора има два-три добри бродови за лов на сина риба, но нема откупни станици. Таков еден брод може да залови и до 10 тони риба со едно излегување, но им треба петнаесетина дена за да го продадат уловот“, вели Ивановиќ. За да доживее препород рибарството, потребна е измена и на законодавството. „Нам државата ни наплаќа ДДВ од 19 отсто на риба. Ние како економски производители би требало да имаме ДДВ од седум отсто, или да бидеме ослободени од овој данок. Државата би моралс да ни овозможи некои привилегии како би можеле да опстанеме“, вели Ивановиќ. Комплетниот репроматеријал кој се троши за лов на риба, мрежи, сајли, алати, средства за работа, се набавуваат од земјите од регионот.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството